Пелистер ја надмина „стотката“ и со 100:80 го совлада тимот на ТФТ Скопје во првиот меч од полуфиналето на плејофот во македонскиот шампионат. Со фуриозен старт, битолскиот клуб дојде до 19:2 предност, која потоа ја одржуваа до крајот на мечот, за да стигнат на еден чекор од големото финале.
Пелистер направи предност од 34:18 по првата четвртина, по што гостите полека ја вратија рамнотежата во текот на мечот, но не успеаја да дојдат до дофатлива разлика.
Хаџифејзовиќ со 32 поени беше лидер на тимот на Пелистер, додека Маслинко додаде 23 поени, а за ТФТ најдобар беше Костоски со 19 поени.
Вториот меч ќе се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје во четврток, додека во втората полуфинална серија, МЗТ Скопје има 1:0 предност против вечниот ривал Работнички.
Фото: КК Пелистер