Велимир Перасовиќ повеќе не е тренер на Басконија. Од клубот на социјалните мрежи потврдија дека соработката со хрватскиот тренер била спогодбено раскината.
„Басконија сака да му изрази благодарност на тренерот за се она што го направи за клубот и му посакува среќа во понатамошната кариера“.
Перасовиќ на овој начин го заврши третиот мандат на клупата на Басконија. Претходно тој го предводел овој тим од 2005 до 2007 и од 2015 до 2016 година.
„Јасно ми е дека на екипата и е потребна промена. Сакам се да мине онака како што замислиле челниците“, рекол Перасовиќ.
Басконија синоќа доживеа висок пораз од Реал (55:77) во Евролигата. Во ова натпреварување Басконија има шест победи и девет порази, додека во шпанската лига со Перасовиќ на чело забележа седум победи и шест порази.