Top Sport

Петровиќ поднесе оставка – Бразил остана без селектор

Александар Петровиќ повеќе не е селектор на кошаркарската репрезентација на Бразил. Петровиќ беше на функцијата од 2017 година.

„Интензивно размислував што да правам во изминатите две недели. Одлуката ја донесов, во понеделникот, додека шетав. Му се јавива на претседателот на Сојузт и му ја соопштив одлуката. Имаше разбирање“, рекол Петровиќ.

Хрватскиот тренер го предводеше Бразил на СП во 2019 година, но не успеа да избори пласман на Олимписките игри во Токио. На турнирот во Хрватска, тој успеа да го елиминира домаќинот, но во финалето Бразил загуби од Германија.

Scroll to Top