Кошаркарите на Филалдефија славеа во дуелот со Детроит Пистонс 109:99 и ја забележаа четвртата победа во последните пет натпревари. Блеска на овој меч центарот на Филделфија центарот Џоел Ембид и крилниот играч на Пистонс, Блејк Грифин.
Ембид целосно доминираше против еден од подобрите центри во лигата Андре Драмонд. Натпреварот го заврши со 39 поени и 17 скока, а на соперникот Драмонд му дозволи само осум поени и девет скока.
Ембид доби поддршка од играчите кои влегуваа од клупата за резерви: Џеј Џеј редик (16 поени) и Мајк Мускала (14 поени).
На спротивната страна играчите на Филалделфија не успеаја да го скротат во нападот Грифин кој мечот го заврши со 38 поени, 13 скока, шест асистенции и два украдени топки.
За разлика од Грифин лош натпревар одиграа Реџи Џексон и Стенли Џонсон кои заедно погодија само три од 18.обиди од поле.