Тренерот на Армани Милано Симоне Пјаниџани најверојатно ќе добие отказ откако клубот испадна од Днамо Сасари во полу-финалето на италијанскиот шампионат. Италијаните пишуваат дека на неговото место ќе пристигне Еторе Месина.
Армени вложи многу на почетокот на сезоната, во тимот пристигнаа неколкумина врвни играчи, но клубот на разочарувачки начин ја завршија сезоната.
Се шпекулира дека еден од најдобрите италијански тренери Еторе Месина ќе пристигне во Милано. Месина работи како асистент во Сан Антонио Спарс од 2014 година. Тој е европски првак со Виртус Болоња и ЦСКА Москава. Во кариерата работел и во Бенетон, односно Реал Мадрид.