Младиот талентиран кошаркар од Словенија, Урбан Клавжар е нов играч ан реал Мадрид, поточно на младинските категории на „кралскиот клуб“.
Клавжар има само 14 години, а неодамна беше еден од најдобрите играчи на Словенија на Европското првенство за кошаркари до 16 години. Шампионатот го заврши со просечни 11,9 поени, 1,4 скока и две асистенции по натпревар.
Во Реал сметаат дека доколку Клавжар правилно се развива дека може да биде вистински наследник на лука Дончиќ, кој летово замина во Далас Маверикс.
Вниманието врз себе тој го привлече со настапите за Хелиос. За овој тим на еден натпревар постигна 14 поени за само две минути.