Top Sport

Победа ги дели Селтикс од пласман во НБА финалето

Кошаркарите на Бостон Селтикс во петтиот натпревар го совладаа Мајами на гости со 93:80 и поведоа со 3-2 во финалната серија на Истокот.

Одбраната беше клуч за победата на Селтикс во Мајами. Хит имаа поразителна реализиција од само 33 отсто, погодија скромни седум тројки од дури 45 обиди.

Селтикс мечот го решија во второто полувреме, кога во период од шест и пол минути направија серија 24:2.

Најефикасен во редовите на Бостон беше Џејлен Браун со 25 поени (10/19 од игра), Џејсон Тејтум постигна 22 поени (7/20 од игра), а имаше и 12 скока и девет асистенции. Ал Хорфорд постигна 16 поени и седум скока, а Дерик Вајт додаде 14 поени.

Во поразениот тим Бем Адебајо постигна 18 поени и имаше 10 скока, Гејб Винсент додаде 15, а Џими Батлер само 13 (4/18 од игра). Кајл Лори не постигна ниту еден поен за речиси 25 минути на теренот.

Шестиот натпревар од серијата, во кој избраниците на Име Удокa ќе имаат можност да извојуваат клучна победа, ќе се одигра ноќта меѓу петок и сабота во два часот и 30 минути по средноевропско време. Домаќин овојпат ќе биде Бостон.

Scroll to Top