Лусија Херис, првата жена која постигнала поени на Олимпијада и единствената жена која официјално беше драфтувана од еден НБА тим, почина на 66 години во нејзиниот роден Мисисипи, објави нејзиното семејство.
„Со жалење објавуваме дека нашиот ангел, матријарх, сестра, мајка, баба, олимпијка и ‘Кралица на кошарката’ почина неочекувано во Мисисипи“, објави нејзиното семејство.
Херис беше драфтувана од Њу Орлеанс џез (клубот кој потоа стана Јута џез) во седмата рунда во 1977 година, но не се обиде да заигра за тимот бидејќи била бремена во тој момент. Сан Франциско вориорс (денешните Голден Стејт), се обидоа да ја драфтуваат Денис Лонг во 1969 година, но НБА го блокираше овој потег.
Херис освои три американски титули со Делта Стејт универзитетот во 1970-тите и беше сребрена на Олимпијадата во Монтреал во 1976 година. Таа влезе во кошаркарската Куќа на славните во 1992 година.