Top Sport

Почина мајката на НБА ѕвездата Карл-Ентони Таунс

Жакелин Таунс, мајката на кошаркарот на Минесота Тимбервулвс Карл-Ентони Таунс, ја загуби битката со коронавирусот. Тажната вест на „Твитер“ ја соопшти 24 годишниот клубот за кој настапува Таунс.

Жакелин со болеста се борела повеќе од еден месец, ситуацијата и се вложила на 25 март кога била ставена во индуцирана кома.

„Џеки беше сопруга, ќерка, баба, сестра, тетка и пријател. Беше неверојатен извор на сила за семејството – исклучително мила особа“, се наведува во соопштението на франшизата од Минеаполис.

Scroll to Top