Почина прославениот кошаркарски репрезентативец на поранешна Југославија, Зоран Сретеновиќ (57), информираа српските медиуми. Со репрезентацијата на Југославија тој освои златни медали на големите натпреварувања во 1991 и во 1995 година.
Играше и за Црвена звезда и Партизан. По завршувањето на играчката кариера почна да се занимава со тренерска работа.
Најголемите успеси Зоран Сретеновиќ ги постигна во дресот на Југопластика. За пет сезони, тој освои три титули европски клупски шампион, четири титули шампион на СФР Југославија и два трофеи во Купот.