Македонската кошаркарска репрезентација го доби првиот натпревар од втората фаза на претквалификациите за Евробаскет 2021, откако на гостувањето кај Косово стигнаа до 76:73 (20:16, 14:13, 14:20, 28:24).
Нашата репрезентација почна подобро и постојано беше во водство, а Косовците се вратија само во третата четвртина, а во последната четвртина тимот на Јорданчо Давитков го издржа притисокот за многу важна победа на која ќе се гради пласманот на првенството.
Бојан Трајковски беше најефикасен во нашиот состав со 17 поени, Дамјан Стојановски имаше 15, а Стојан Ѓуровски имаше 14 поени. Кај Косовците, Дардан Бериша го носеше тимот со 32 поени.
Во нашата група не очекува уште дуел со Романија.
Фото: МКФ