Top Sport

Полјаците ги фати „фурија“, Шпанија е вториот полуфиналист на СП

„Црвената фурија“ оди во Пекинг, на двобој со Австралија или Чешка во борбата за финале на Светското првенство во кошарка во Кина. Репрезентацијата на Шпанија е вториот полуфиналист откако предмалку славеше победа со резултат 90-78 против пријатното изненадување, селекцијата на Полска.

Рики Рубио повторно покажа одлична партија, забележа 19 поени со 9 асистенции, вклучувајќи и две тројки во моментите кога Полјаците се закануваа дека мечот ќе го однесат во неизвесна завршница.

Аутсајдерот успеа предноста на противникот која во 24 минута од мечот изнесуваше +14 (58-44) на крајот на третиот период да ја доведе само на +4 (76-72).

Сепак, потоа со поените на Вили Ернангомез (постигна 18 поени на мечот), а потоа и реализацијата на Рубио, „фуријата“ го донесе мечот до недостижни +13 (85-72).

Селекцијата предводена од Италијанецот Серџо Скариоло оди во полуфинале со скор 6-0.

Освен Рубио и Ернангомез, ефикасен беше и Руди Фернандес со 16 поени, а Марк Гасол мечот го заврши со 10 поени.

Кај Полска прв стрелец беше Еј Џеј Слотер со 19 поени.

Scroll to Top