Дури пет кошаркари на Голден стејт Вориорс би можеле наредната година да бидат дел од американската репрезентација на Светското првенство во Кина. На претходната репрезентативна акција, на Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година, од Голден стејт во репрезентацијата беа Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин.
По Ои во Рио де Жанеиор, играч на Вориорс стана Кевин Дурент, а од оваа сезона дресот на тимот од Оукленд ќе го носи и Демаркус Казинс. За очекување е дека повик ќе добие и Стеф Кари, кој во 2016 година зеде одмор за да ги санира повредите.
„Тоа би било фантастично. Не знам дали тоа некогаш се случило во историјата на НБА лигата“, изјави за „ЕСПН“, Клеј Томпсон.
Досега ретко се случувало во репрезентацијата на САД да има повеќе од двајца играчи од иста екипа. Исклучок се Олимписките игри во Лондон во 2012 година, кога во репрезентацијата играа тројца играчи од Оклахома Тандер, Кевин Дурент, расел Вестбрук и Џејмс Харден.