Top Sport

Поранешен репрезентативец направил скандал на кошаркарски меч

Кошаркарскиот дуел меѓу Тетекс и Љуботен е службено регистриран со 20:0 во корист на домашниот тим, затоа што тренерот на гостите ја повлекол екипата и не сакал да ја врати на паркетот. Тој се заканувал со тупаница и тропал на записничката маса, а упатил и пцовки кон делегатот на мечот.

Ова и не би било така необично за третата по ранг кошаркарска лига во Македонија, доколку инцидентот не го предизвикал Милан Сотировски, поранешниот македонски репрезентативец и кошаркар на Работнички и на МЗТ Скопје, како и директор на Никол Ферт од шампионските денови на клубот.

Поради овој инцидент морала да реагира и полицијата, што стои и во извештајот на МВР.

Сотировски е казнет со суспензија на четири натпревари, а екипата на Љуботен со 80.000 денари. Казна доби и Тетекс, во вкупен износ од 43.000 денари.

Scroll to Top