Top Sport

Поранешната НБА ѕвезда Стадемаер не се откажува, ќе игра за кинескиот Фуџијан

Поранешната НБА ѕвезда, Амаре Стадемаер својата кариера ќе ја продолжи во Кина, откако поптишал богат договор за Фуџијан стасрџинс, јавува „ЕСПН“. 36-годишниот ветеран од 2016 година играше во израелскиот клуб Хапоел Ерусалим, а летово имаше неуспешен обид да се врати во НБА лигата.

Сезоната во Кина завршува во февруари или март, така што Стадемаер се надева дека по авантурата би можел да се врати во НБА.

Стадемаер има 14 НБА сезони за тимовите на Феникс санс, Њујорк никс, Далас маверикс и Мајами хит, а шест пати играше на НБА Ол-стар мечот. Тој имаше просек од 18.9 поени по натпревар и 7.8 скокови.

Тој не е првиот поранешен НБА кошаркар кој игра во Кина, бидејќи таму се и Ерик Грин, Тај Лосон, Ленс Стивенсон и Џереми Лин.

Scroll to Top