Top Sport

Луд француски тениски поен помеѓу Монфис и Пер (видео)

Француската двојка Гаел Монфис и Беноа Пер направија вистинско шоу пред домашната публика на Мастерсот во Париз, откако одиграа неверојатен поен во кој имаше две удирања меѓу нозе и еден удар со паѓање, кој не му успеа на Монфис.

Тој само можеше да му аплаудира на сонародникот, гушкајќи се по поенот, но на крајот со 6:4/7:6(4) го победи Пер за да обезбеди дуел во третото коло со Молдавецот Раду Албот.

Scroll to Top