Top Sport

Поранешниот НБА играч Свониген почина на само 25 години

Кејлеб Свониген, поранешниот НБА кошаркар на Портланд трејлблејзерс, почина на само 25 години, потврди неговиот поранешен универзитет Пердју.

Портланд го избраа Свониген како 26. пик на драфтот во 2017 година, по што тој играше три сезони во НБА лигата, настапувајќи во 75 натпревари, пред од 2020 да биде без клуб. Причината за смртта засега не е објавена.

Свониген, кој имаше трагична животна приказна, своето детство го помина како бездомник со неговиот татко, пред да стане ѕвезда на универзитетот Пердју и најдобар играч во сезоната 2016/17.

Scroll to Top