Top Sport

Давид Ферер стана директор на Дејвис куп финалето

Поранешниот шпански тенисер, Давид Ферер е именуван за претседател на Дејвис куп финалето, заменувајќ го својот сонародник Алберт Коста, кој беше на позицијата од 2019 година.

40-годишниот Ферер е трикратен освојувач на Дејвис купот со Шпанија и во својата долга кариера стигна до третото место на АТП листата. Дејвис купот од пред неколку години е во сопственост на компанијата на Жерард Пике, „Космос“.

Финалните групи на Дејвис купот ќе се играта во септември во Болоња во Италија, Глазгов во Шкотска, Хамбург во Германија и Валенсија во Шпанија, по што двата најдобропласирани од двете групи ќе играат во големото финале со осум репрезентации во Малага, Шпанија од 22 до 27 ноември.

Scroll to Top