Top Sport

Поразот „скапо“ ги чинеше Шпанците, Словенците со одлична ждрепка!

По драматичниот пораз од Словенија, шпанската кошаркарска репрезентација „налета“ на САД во четврт-финалето на олимпскиот турнир, додека тимот на Лука Дончиќ доби одлична ждрепка, почнувајќи со Германија во четврт-финалето.

Несомнено дербито во четврт-финалето е дуелот на Шпанија и САД, каде што и покрај сите слабости американските кошаркари влегуваат како фаворити. Победникот од овој меч ќе оди на подобриот од мечот помеѓу Франција и Италија.

Словенците, пак, ако ја победат Германија ќе се судрат со подобриот од пресметката помеѓу Австралија и Аргентина.

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ, ОЛИМПИЈАДА, ТОКИО

Шпанија – САД

Франција – Италија

Австралија – Аргентина

Словенија – Германија

Scroll to Top