Top Sport

Портланд за пет секунди од минус три до победа

Портланд Трејлблејзерс и Њу Орлеанс Пеликанс го одиграа највозбудливиот натпревар оваа сезона во НБА лигата. Дуелот, во кој доминираше Демијан Лилард, заврши со победа на Портланд 125:124.

Веројатно ниту на играчите на Портланд не им е јасно како успеаја да ги победат Пеликаните.

На шест минути до крајот Њу Орлеанс имаа предност од 17 поени (117:100), кога Портланд ја започнаа серијата во која постигнаа 24, а примија четири поени. Самиот финиш, беше најлудиот во НБА сезонава. Портланд во последните пет секунди ја стигнаа и престигнаа предноста на Њу Орлеанс од 124:121.

Лилард погоди две слободни фрлања (124:123), а откако Александер-Вокер ја продаде топката, Лилард повторно беше фаулиран и од линијата за слободни го постави конечниот резултат.

Лилард натпреварот го заврши со 50 поени, шест скока и 10 асистенции. Кај Пеликанс се истакнаа Брендон Инграм со 30 поени и Зајон Вилијамсон со 28 поени, пет скока и осум асистенции.

Scroll to Top