Чарлс Џенкинс кариерата ќе ја продолжи во Олимпијакос потврди на „Твитер“ неговиот менаџер Мишко Ражнатовиќ. Минатата сезона Американецот со српски пасош ја мина во Црвена звезда, што беше негов трет мандат во екипата од Белград.
Џенкинс зад себе има просечна сезона, веројатно негова најлоша откако дојде во Европа во 2013 година. Џенкинс е избран во НБА лигата на драфтот во 2011 година од страна на Голден стејт Вориорс.
На неговиот трансфер инсистирал тренерот на Олимпијакос Јоргос Барцокас. Џенкинс и Барцокас соработуваа од 2017 до 2019 година во Химки.
Минатата сезона во АБА лигата Џенкинс имал просек од 6,4 поени и две асистенции по натпревар.