Top Sport

Повреда за Ембид, неволји за Филаделфија

Џоел Ембид ќе пропушти неколку натпревари за Филаделфија. Одличниот центар во моментов е повреден, се работи за неговата лева нога и дефинитивно ќе ги пропушти натпреварите против Нетс и Хорнетс.

Тој се повреди во саботата при поразот на неговиот тим од Минесота, стапнувајќи на ногата на својот соиграч Нианг на пет минути до крајот на натпреварот.

Ембид е одличен оваа сезона, со просек од 32,3 поени, 10,1 скока и 4,6 асистенции. Многу ќе му недостига на својот тим.

Повреден е и Харден, како и Макси, па Филаделфија ќе има тешка задача.

Scroll to Top