Тренерот на Голден стејт Вориорс, Стив Кер, потврдил дека повредата на Кевин Дурент не е сериозна. Дурент го повреди глуждот на натпреварот со Финикс Санс, на кој шампионите беа поразени 115:111.
Дурент се повреди на шест и пол минути до крајот на мечот, при резултат 91:91. Откако го напушти теренот тој повеќе не се врати во игра, а натпреварот го заврши со 25 поени.
„Се е во ред. Малку го повредил глуждот, меѓутоа повредата не е сериозна. Разговаравме, тој воопшто не е загрижен“, рекол тренерот на Вориорс.
Подоцна од тимот соопштиле дека нема потреба Дурент да оди на дополнителен преглед со магнетна резонанца.
Наредноот меч Голден стејт ќе го одиграат в среда, а противник ќе им биде екипата што ја предводи Џејмс Харден, Хјустон Рокитс.