Скоти Вилбекин најдобриот играч на Макаби се наоѓа пред трансфер во Армани Милано тврдат шпанските медиуми.
Коронавирусот предизвика сериозна финансиска криза во спортските клубови, на која не е имун ниту еден од најбогатите кошаркарски клубови Макаби.
Израелците му дозволиле на Вилбекин да го напушти клубот. Со неговото заминување тие малку ќе ја намалат финансиската дупка. Вилбекин во Макаби има годишна плата од два милиони евра.
Од друга страна Армани делува како клуб кој нема финансиски проблеми иако се наоѓа во центарот на пандемијата.
Челниците на клубот веќе го кројат тимот за новата сезона покрај Вилбекин во милано треба да пристигне и Едгарас Улановас од Жалгирис. Во исто време клубот објави дека повеќе не смета да услугите на Немања Недовиќ и ветеранот Луис Скола.