Top Sport

Приморска остана без лиценца во Словенија – МЗТ се враќа во АБА лигата

Кошаркарскиот сојуз на Словенија не му додели лиценца на кошаркарскиот клуб Приморска. Оваа одлука на Словенците значи дека МЗТ ќе го заземе место на Приморска во АБА лигата.

Приморска не доби лиценца бидејќи клубот не ги исполнил финансиските критериуми. Клубот од Копер има право на жалба во спротивно ќе се преселат во четвртата лига на Словенија.

Оваа одлука на Кошаркарскиот сојуз на Словенија е спротивна од најавите на спортскиот директор на Приморска Горан Јагодник дека клубот наредната сезона ќе настапува во најсилниот ранг во Словенија и во АБА лигата.

Се чека и АБА лигата да му ја одземе лиценцата на овој клуб што значи дека ќе се ствроат сите услови МЗТ по две години пауза повторно да се врати во друштвото на најквалитетните тимови од регионот.

Преселбата на МЗТ во АБА лигата ќе предизвика и одредени промени во АБА 2. Лигата ќе треба да додели четири покани за натпреварување во АБА 2. Два тима ќе бидат од Србија (Нови Пазар и Младост од Земун), а два од Црна Гора (Подгорица и Студентски центар).

Scroll to Top