Надежите на МЗТ Скопје Аеродром за враќање во првата АБА лига наидоа на тешка пречка, откако во првиот меч од финалето на втората лига на АБА, Сикст Приморска во Копер стигна до убедлива 93:71 победа (28:19, 25:19, 23:16, 17:17).
Домашниот тим бргу ја направи предноста во првото полувреме, откако по првата четвртина имаа +9, а дури +15 до полувреме. Во второто полувреме, тие рутински го доведоа мечот до крај за прва победа и 1:0 водство во финалната серија.
Американецот Ленс Херис беше најефикасен за словенечкиот тим со 24 поени, 5 скока и 4 асистенции, додека Иве Иванов со 14 поени и Андрија Бојиќ со 13 беа најдобри кај „металците“.