Top Sport

Прохоров ќе ги продаде Бруклин нетс за неверојатни 2.35 милијарди долари

Повеќе од една година откако обезбеди 49 отсто од Бруклин нетс, Џозеф Цаи ќе стане комплетен сопственик на НБА клубот, откако склучил договор со рускиот милијардер Михаил Прохоров за откуп на преостанатите 51 отсто за фантастична сума од 2.35 милијарди долари.

Цаи купи 49% од Нетси за 1 милијарда долари. Ко-основачот на „Алибаба групацијата“ се договорил со 54-годишниот Прохоров, кој во април 2012 година стана првиот не-северноамерикански сопственик на тогашните Њу Џерси нетс и ги пресели во Бруклин. Сега тој ќе ја комплетира најскапата продажба во историјата на американскиот спорт.

Од 2012/13, Нетси четири пати влегоа во плеј-офот и еднаш во полуфиналето по конференции во 2014, а лани се вратија во плејофот по три години пауза. Оваа сезона во тимот доаѓаат Кевин Дурент, Кајри Ирвинг и Деандре Џордан.

Scroll to Top