Кошаркарот на Далас Маверикс Кристапс Прозингинс учествувал во улична тепачка во својата земја. Од неговиот клуб најавија дека ќе го истражат овој инцидент.
На социјалните мрежи се појави видео-снимка на која се гледа како Прозингинс, пред еден ноќен-бар во Летонија е во расправија со неколку лица, со кои сака повторно да се тепа и како оттурнува една жена. На снимката се забележува дека над окото кошаркарот има повреда, која ја добил во тепачката.
Одделни летонски медиуми објавија дека во овој и инцидент Прозингинс се здобил и со фрактура на дланката.
Прозонгис поради повреда воопшто не играше во штотуку завршената НБА сезона. Во февруари Њујорк Никс го испратија во Далас.
Kristaps Porzingis left with a bloody face and torn shirt after a scuffle in Latvia … and here I was worried about him going to Deep Ellum (H/T @NY_Knicks_Fr) #MFFL
(@1053TheFan @1053SS @FishSports) pic.twitter.com/zhupDk9usP
— T̷R̷O̷Y̷ ̷H̷U̷G̷H̷E̷S̷ (@TommySledge) May 12, 2019