Top Sport

Првата битка за ЛА ја добија Клиперс (Видео)

Два дуели одиграни во текот на ноќта ја отворија 74 сезона во најсилната кошаркарска лига во светот, НБА. Градското дерби на екипите што претендираат на шампионскиот трон им припадна на Лос Анџелес Клиперс, додека актуелните шампиони Торонто Репторс во продолжението ги победија Њу Орлеанс Пеликанс.

Во Стејплс центарот, Клиперс формално беа домаќини. Без Пол Џорџ тие ги победија Лос Анџелес Лејкерс 112:102. Победата ја најавија на почетокот на последната четвртина кога направија серија 19:7. Клуч за триумфот е и добрата игра на резервите на Клиперс, кои постигнаа 60 поени, наспроти скромните 19 кошеви што ги уфрлија резервите на Лејкерс.

Каваи Ленард веднаш им испрати порака на сите ривали во лигата, дека има намера и оваа сезона да ја освои титулата. Ленард натпреварот го заврши со 30 поени, 16 од нив постигна во вториот период. Најголема поддршка ја имаше во Лу Вилијамс (21 поен) и Монтрезл Херел (17 поени).

Ентони Дејвис со 25 поени, 10 скока, 5 асистенции и 2 блокади дебитираше за Лејкерс, во чии редови 28 поени постигна Дени Грин, а Леброн Џејмс забележа 18 поени, 9 скока и и 8 асистенции.

Бранителите на титулата Торонто Репторс славеа во дуелот со Њу Орлеанс Пеликанс 130:122, натпреварот во регуларниот дел завршил 117:117.

До првата победа во сезоната Репротс ги предводеа Паскал Сијакам и Фред Ванвилт кои постигнаа по 34 поени.

Кај Пеликанс не играше првиот пик на драфтот Зајон Вилијамсон. Најефикасен во тимот бил Брендон Инграм со 22 поени, ветеранот Џеј Џеј Редик постигнал 16, а Зош Харт 15 поени.

Scroll to Top