Top Sport

Сити достави понуда за Деклан Рајс

Манчестер Сити се вклучи во трката за капитенот на Вест Хем, Деклан Рајс. Вест Хем за капитенот бараат 100.000.000 фунти.

До денес Арсенал водеа во трката за потписот на Рајс. Вест Хем ја одби понудата која беше помалку од она што клубот го бара како оштета.

Се чини дека целта на „чеканите“ беше и Сити да се вклучи во трката. Тоа се случи во четвртокот. Не е познато колку пари понудил актуелниот англиски и европски првак.

Во овој преоден рок Сити го напушти Илкај Гундоган, на неговото место пристигна Хрватот Матео Ковачиќ, а Рајс само треба дополнително да ја засили конкуренцијата во средниот ред на шампионот на Англија.

Scroll to Top