Работнички успеа со максимални 3:0 да го елиминира актуелниот шампион и вечен ривал, МЗТ Скопје со победа пред своите навивачи во „Градски парк“ за рекордна 15. титула од шампионатот и прва по далечни девет години.
Со тесната победа од 87:84 во неизвесен меч, тимот на Марин Докузовски стави крај на низата на „металците“, кои беа вистинска кошаркарска династија во Македонија со шест титули во серија. Во серија од три меча која вклучуваше забрана за гостински навивачи, обвинувања за судиски кражби, титулата се враќа кај најтрофејниот македонски клуб.
МЗТ Скопје го почна одлично третиот натпревар со доминантна прва четвртина во која направија разлика од +9 (25:16), предност која делумно успеаја да ја задржат до стартот на последната четвртина (63:57), но како и многу пати оваа сезона (посебно во АБА лигата), потклекнаа во последните 10 минути.
Повеќе подоцна…
МАКЕДОНИЈА, ПОСЛЕДНИ 10 ШАМПИОНИ
2008 Фени Индустри
2009 Работнички
2010 Фени Индустри
2011 Фени Индустри
2012 МЗТ Скопје
2013 МЗТ Скопје
2014 МЗТ Скопје
2015 МЗТ Скопје
2016 МЗТ Скопје
2017 МЗТ Скопје
2018 Работнички
БРОЈ НА ТИТУЛИ
1.Работнички 15
2.МЗТ Скопје 6
3.Фени Индустри 3
4.Струмица 1
4.Никол Ферт 1
Фото: МЗТ Скопје