Top Sport

Работнички доминираше против Куманово за 1:0

Работнички својата одлична сезона ја продолжи и во полуфиналето од плеј-офот, откако на домашен терен со 101:72 го „здроби“ тимот на Куманово.

Гостите успеаја да ја добијат првата четвртина со 29:25, но оттогаш на теренот како да имаше само еден тим, и тимот од Градски Парк стигна до импресивна победа за дојдат чекор поблиску до првата титула од 2009 година.

Разликата се зголемуваше во текот на целото второ полувреме, а „центарци“ посебно беа доминантни во последната четвртина, добивајќи ја со 28:13.

Во второто полуфинале, МЗТ веќе има 1:0 предност против Блокотехна и в петок гостува во Гевгелија во вториот натпревар.

ПЛЕЈ-ОФ, ПОЛУФИНАЛЕ

(1:0) МЗТ Скопје – Блокотехна 80:74

(1:0) Работнички – Куманово 101:72

Scroll to Top