Top Sport

Работнички и МЗТ ќе играат во Гостивар

Најголемото дерби на македонската кошарка дуелот на Работнички и МЗТ, вечера не се одигра поради неисправноста на мерачите на времето за напад, ќе се одигра вечерва од 19 часот.

Изненадува само одлуката дербито да се игра во салата „Младост“ во Гостивар и тоа без присуство на публика. Ова ќе биде прв пат во историјата, големите ривали, кога станува збор за натпревар од првенството, да играат надвор од Скопје.

фото: mztskopjeaerodrom.mk

Scroll to Top