Работнички и МЗТ Скопје Аеродром денеска повторно ќе ја почнат борбата за титулата во македонскиот шампионат, откако двата тима покажаа дека се најсилните домашни тимови во плејофот.
Регуларниот дел на сезоната, Работнички ја заврши на првото место, додека МЗТ Скопје беше втор, а потоа на различен начин стигнаа до финалето. МЗТ со убедливи 3:0 беа подобри од Гостивар, додека Работнички во пет натпревари со 3:2 ги победија Блокотехна во многу понеизвесна серија. И финалето се игра во три добиени мечеви.
Ова ќе биде деветти дуел на двата ривали во финалето на плејофот – досега Работнички има 5 победи, а МЗТ Скопје 3. Работнички ќе атакува на својата 15-та домашна титула и е бранител на круната, додека „металците“ ќе се обидат да се вратат на шампионски патеки по шесте освоени титули во низа од 2012 до 2017 година.
Првиот меч ќе се одигра денеска од 17.30 часот со пренос на МТВ.
Фото: КФМ