Top Sport

Брејк на Вориорс во Хјустон (Видео)

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс со победа во Тејсас ја отворија финалната серија во Западната конференција, во НБА лигата. Актуелниот шампион, изминатата ноќ, славше кај Хјустон Рокитс 119:106.

Домаќинот Хјустон, екипа што го оствари најдобриот резултат во регуларниот дел од сезоната, добро влезе во натпреварот и преку Харден стигна до предност 12:4. Меѓутоа Дурент беше тој што го држеше шампионот во мечот и на полувреме домаќинот имаше поен предност 30:29.

Вориорс прв пат на мечот имаа предност на стартот на втората четвртина (33:35), а потоа си обезбедија и малку покомотна разлија (42:49). До крајот на овој дел од играта Хјустон се врати со серијата 7:0, па на полувреме двата тима постигнаа по 56 коша.

Гостите подобро ја отворија третата четвртина, а во финишот на овој период, благодарение на играта во одбраната, актуелните шампиони дојдоа и до двоцифрена разлика (72:85).

На крајот се покажа дека финишот на третата четвртина бил решаваќки во целиот натпревар. Хјустон успеа во последната четвртина да се доближи на два поени негатива, на што Голден Стејт возврати со серија од девет поени, кога и дефинитивно го реши прашањето околу победникот.

Кевин Дурент го предводеше актуелниот првак со 37 поени, а веднаш до него беше Клеј Томпсон со 28 поени (6/15 за три). Покрај овие двајца Стеф кари забележа 18 поени, шест скока и осум асистенции, а Дрејмонд Грин завеши со пет поени и по девет скока и асистенции.

Кај Хјустон најистакнати беа Џејмс Харден (41 поен) и Крис Пол (23 поени, 11 скока).

Наредниот натпревар се игра в четвртотк од 3 часот, а домаќин повторно ќе биде Хјустон.

Scroll to Top