Top Sport

Раџа: Не сакам Вотсоновци и Џонсоновци да играат за Хрватска

Првиот човек на Кошаркарскиот сојуз на Хрватска, Дино Раѓа, ја отфрлил можноста Американецот Шејн Ларкин да добие хрватски пасош и во иднина да настапува за репрезентацијата на оваа земја.

Играчот на Анадолу Ефес истакнал дека бил подготвен да игра за Хрватска, по што се огласил Раџа.

„Неколку пати реков дека нема да носиме странци во репрезентацијата бидејќи тоа не е во интерес на хрватската кошарка“, рекол Раѓа и дополнил.

„Клубовите мора да започнат да ‘произведуваат’ играчи. Не може да очекувате репрезентацијата да ја подигне кошарката, тоа мора да го направат клубовите. Можам да разберам некој клуб да земе еден или двајца странци за да о подигне квалитетот, но странците што ги носиме не се квалитетни. Не сакам во Хрватска да играат Вотсоновци и Џонсоновци“, рекол Раџа.

Шејн Ларкин станува Хрват?

Scroll to Top