Дино Раѓа се потсети на доминацијата на кошаркарската репрезентација на Југославија при крајот на постоењето на бившата држава, кога ја освоија европската титула во Загреб во 1989 година и светската титула во Аргентина две години подоцна, велејќи дека биле толку силни што се потсмевале со сите конкуренти.
„Тоа беше потсмевање со сите. Во финалето против Грција во Загреб во еден момент беше 40 разлика! Салата преполна, атмосферата неверојатна. Тоа беше потврдата на зрелата неповторлива генерација. Респектот беше огромен и точно се знаеше кој што прави и каква улога има. Немаше љубомора. Дуда Душан Ивковиќ го направи тоа точно како што треба – спиење во одреден час, сите во собите, а Дражен Петровиќ и Стојко Вранковиќ доцнат неколку минути. Толку им викаше што сите во зградата се разбудија. Им кажа дека ако им се повтори веднаш одат дома“, вели Раѓа.
Југославија тогаш играше во групата Б и ги растури Грција (103:68), Бугарија (98:78) и Франција (106:89). Во полуфиналето противник беше Италија (97:80), а во финалето повторно Грција (98:77).