Top Sport

Рајковиќ промовиран во нов тренер на ЦСКА Москва

Македонецот Емил Рајковиќ е новиот тренер на славниот руски клуб ЦСКА од Москва. Рајковиќ доаѓа на местото на Димитрис Итудис, кој по осум години си замина од ЦСКА.

Рајковиќ добербата на ЦСКА ја заслужи со одличните резултати што ги постигна изминатата сезона со Автодор Саратов.

Поранешниот кошаркар на Работнички, со ЦСКА потпиша едногодишен договор, со можност тој да биде продолжен на уште една сезона.

„Голема чест и голема обврска е да се биде главен тренер на таков славен клуб со голема историја како ЦСКА Москва. Навистина сум горд што што го добив повикот, ја ценам довербата што ми ја укажа раководството на ЦСКА“, изјави Рајковиќ.

Во кариерата Рајковиќ бил тренер во Работнички, МЗТ, Фени индустри, Астана, Стал и Сласк Вроцлав.

Scroll to Top