Top Sport

Рајковиќ со ЦСКА Москва стигна до 24. победа во ВТБ лигата

Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ со ЦСКА Москва стигна до 24. победа во ВТБ лигата. „Армејците“ триумфираа на гости кај Нижни Новгород со 70:89 и ја продолжија неверојатната серија.

Домашниот тим имаше сила да му парира на тимот на Рајковиќ три четвртини, но потоа ЦСКА Москва го доби последниот период со 15 поени разлика и го реши мечот во своја корист.

Уникс Казан на Ненад Димитријевиќ беше декласиран на домашен терен од Локомотив Кубан со 70:103.

Scroll to Top