Top Sport

Кирјос на терен излезе во дрес на Коби (Видео)

Веста дека легендарниот кошаркар Коби Брајант загинал во хеликоптерска несреќа го потресе светот. Од еден од најдобрите играчи во историјата на кошарката на свој начин се простуваат и тенисерите на Австралија опен.

Највпечатлив, очекувано беше Австралиецот Ник Кирјос, кој на мечот против Рафаел Надал дојде облечен во дрес на Брајант.

Кирјосн се решил за постара варијанта со бројот 8, кој Брајант го носел во сезоната 2006/2007.

Брајант загина во неделата во хеликоптерска несреќа во 10 часот по локално време. Покрај Брајант во несреќата настрадале уште девет лица меѓу кои и неговата 13 годишна ќерка.

Scroll to Top