Франција ја победи Словенија со 90:89 и ќе се бори за златниот медал на кошаркарскиот турнир во Токио. Трилерот го реши 37-годишниот Николас Батум, кој во последната секунда му удри рампа на Клемент Препелич.
Франција и Словенија одиграа меч достоен за финале на Олимписките игри. Словенците подобро го отворија мечот, дојдоа до предност од осум поени во првиот период (25:17). Французите бргу се вратија и до средина на третата четвртина, имавме резултатска нишалка.
Франција тогаш успеа да се одлепи на девет поени од противникот 67:58. Словенците, со Дончиќ, немаа намера да се откажат. Се вратија во мечот на почетокот на решавачкиот период. Во последната четвртина, Фрацузите водеа, а Словенците константно се обидуваа да ја стигнат разликата.
Можеби клучниот момент на мечот се случи на четири минути до крајот, кога при резултат 78:78, Луваву неправилно го блокираше положувањето на Блажиќ. Словенецот поради протест доби техничка. Де Коло погоди едно слободно фрлање, а потоа погоди и тројка за 82:78.
Во последната минута драмата кулминираше, Луваву погоди тројка за 90:85. Словенците не реализира напад, а Фурние направи лична во напад. Препелиќ еднаш беше прецизен, а откако Словенците се одбранија, Препелич погоди тројка за -1.
Последниот напад на Франција не го реализираше Де Коло, за Словенија останаа 18 секунди, Дончиќ го градеше нападот за Препелич, кој влезе на положување, а од зад грб беше блокиран ветеранот Батум.
Дончич ја предводеше Словенија со трипл-дабл од 16 поени, 18 асистенции и 10 скокови. Мајк Тоби постигна 23 поени на кои придодаде девет скока. Кај Франција се истакнаа Де Коло со 25 и Фурние со 23 поени.
Nic Batum with the block to send France into the gold medal match. WOW. pic.twitter.com/Lilbsu4A5S
— E'Twaun Paramoore (Still Suspended) (@MarcoRomo_) August 5, 2021