Top Sport

Рапсодија на Лејкерси, со +40 го победија Мемфис, Вориорс и Кингс ќе играат мајсторка

Кошаркарите на ЛА Лејкерс изборија место во полуфиналето во плеј-офот, во Западната конференција. Противникот ќе го дознаат по мајсторката која ќе ја одиграат Сакраменто Кингс и Голден стејт Ворирос.

ЛА Лејкерс серијата против Мемфис Грзлис ја добија со резултат 4:2. Во шестиот натпревар, Лејкерси го декласираа противникот со 125:85.

Дианџело Расел беше најефикасен со 31 поен и четири асистенции, Џејмс додаде 22, со пет скока и шест асистенции, додека Дејвис имаше учинок од 16 поени и 14 фатени топки.

Веќе во првата четвртина домашната екипа дојде до двоцифрена предност, а интересно, конечната разлика всушност беше најголема, +40.

Кај Мемфис се истакна Алдама со 16 поени и пет скока, Бејн имаше 15 поени и пет скока, Џексон 14 со четири скока, додека Брукс и Морант постигнаа по 10 поени.

Сакраменто Кингс го вратија брејкот и се изборија за мајсторка против актуелните шампиони, Голден стејт Вориорс. Кингс во Сан Франциско славеа победа 118:99.

Кралевите ги предводеа Монк со 28 поени, седум скока и четири асистенции и Фокс со 26 поени и 11 асистенции.

Мареј додаде 15 поени и 12 скока, Уертер 12, исто колку и Лајлс, кој имаше и девет скока.

Кај Вориорс најефикасен беше Кари со 29 поени, пет асистенции и четири скока, Томпсон постигна 22, а Вигинс 13, со седум скока.

Мајсторката ќе се одигра во Сакраменто во недела од од 21:30 часот.

Scroll to Top