Top Sport

Рашон Томас од Партизан е МБП во АБА за декември (видео)

Кошаркарот на белградски Партизан, Рашон Томас е избран како најкорисен кошаркар (МВП) за месец декември во регионалната АБА лига, соопштија од лигата.

Крилниот центар на „црно-белите“ во последниот месец од 2019 година просечно бележеше по 15 поени, 6,7 скока и 2,7 асистенции по меч, со индекс на корисност 22.

Избраниците на тренерот Тринкиери во декември имаа 5 меча во регионалното натпреварување. Забележаа исто толку победи, а првиот меч во новата година ќе го одиграат задутре против Морнар од Бар.

Томас во белградската екипа дојде од Динамо Сасари.

Scroll to Top