Top Sport

Распад систем во Подгорица, петмина странци го напуштија Будуќност

Кошаркарската екипа на Будуќност од Подгорица по загубената мајсторка во финалната серија против Црвена Звезда во АБА лигата ја напуштија дури петмина странски играчи.

Покрај Гога Битадзе, кој се враќа во Мега Бемакс по позајмицата, во тимот веќе ги нема ниту Норис Кол, Ерл Клак, Коти Кларк и Девин Вилијамс. Во првенството на Црна Гора според правилата може да настапуваат само тројца странски кошаркари, па Управата на клубот се одлучи тоа да бидат Немања Гордиќ, Џејмс Бел и Едвин Џексон.

Будуќност веднаш по последниот пораз во региналното натпреварување остана и без тренерот Јасмин Репеша, па сега подгоричката екипа ќе ја предводи нов стратег, Петар Мијовиќ.

Будиќност утре го игра првиот меч од домашниот шампионат против тимот на Ловќен. Титулата во црногорското првенство ја брани Морнар од Бар.

Scroll to Top