Top Sport

Јунајтед го продаде за 3, сега сака да го врати, ама сега вреди 80 милиони евра

Вилфред Заха стигна во Манчестер Јунајтед во 2013 година од тимот на Кристал Палас за 11 милиони евра. По две години со одиграни само два меча за „ѓаволите“ Заха се врати во Кристал Палас за 3 милиони евра.

Управата на „ѓаволите“ е свесна дека погрешила со офанзивниот фудбалер од Брегот на слоновата коска, па сега повторно го сака на „Олд Трафорд“. Но сега цената му е 80 милиони евра. 26-годишниот фудбалер сезонава постигна 9 гола, а имаше и 8 асистенции.

„Мирор“ пишува дека за него се заинтересирани и Тотенхем, Арсенал, но и ПСЖ, но „спарси“ сметаа дека цената му е превисока.

„Ако цената падне на 50-60 милиони евра Тотенхем би се вратил во трката“ – велат од лондонскиот клуб.

Scroll to Top