Top Sport

Џовинко – „атомската мравка“ влезе во фудбалската историја!

Италијанскиот фудбалски интернационалец Себастијан Џовинко од јануари стана играч на саудискиот клуб Ал-Хилал, а синоќа се запиша во фудбалската историја.

Ал-Хилал во чем пд четвртото коло од азиската Лига на шампиони го победи ирански Естегал со 1-0. Единствениот погодок беше дело токму на Италијанецот, со удар од дваесетина метри.

Играчот кој е висок 163 сантиметри, чиј прекар е „атомската мравка“ со погодокот стана првиот фудбалер во светот кој постигнал погодоци во Лигата на шампиони на три различни континенти.

Во европската Лига на шампиони Џовинко двапати беше стрелец во дресот на Јувентус. Во КОНКАФ изданието има 4 погодоци како играч на Торонто, а од вчера е стрелец и во азиската ЛШ.

Џовинко има 23 настапи за „азурите“.

Scroll to Top