Top Sport

Реал го понижи Фенербахче сред Истанбул и му го расипа јубилејот на Обрадовиќ! (видео)

И покрај тоа што во нивниот состав недостасуваа четири клучни играчи, Реал Мадрид го совлада Фенербахче во Истанбул со неверојатни 29 поени разлика (65:94), нанесувајќи го највисокиот домашен пораз на турскиот клуб во ерата на тренерот Жељко Обрадовиќ.

Тоа што порано беше дерби на Евролигата, овојпат се претвори во понижување на противникот, иако кај „кралевите“ не играа Ентони Рендолф, Серхио Љуљ, Џеф Тејлор и капитенот Фелипе Рејес. Џејси Керол ја искористи шансата постигнувајќи 20 поени, Валтер Таварес додаде 16, додека Треј Томпкинс даде 14 во само 13 минути игра.

За Фенер, Нандо де Коло имаше 21 поен, а Јан Весели 16, но двајцата не беа вистински фактор во играта на турскиот клуб. Реал имаше предност од 47:31 на полувреме, и одлични 71% во обидите за два поени (28/39). Фенер се доближи на девет поени (58:49) во третата четвртина, но одговор на ова беше 13:2 серија за комплетирање на победата.

Ова е првпат во ерата на Обрадовиќ Фенер да загуби дома со повеќе од 10 поени разлика, а 29-те поени разлика претставуваат трет најголем пораз во историјата во Евролигата. Иронично, понижувачкиот пораз доаѓа во 500. меч на српскиот тренер на клупата на Фенербахче, за што навивачите му приредија и посебно признание.

ЕВРОЛИГА, 25.КОЛО

Зенит Петерсбург – Алба Берлин 81:83 (25:15, 17:23, 22:20, 17:25)

Олимпијакос – Асвел Лион 77:68 (20:21, 23:12, 18:17, 16:18)

Фенербахче – Реал Мадрид 65:94 (15:22, 16:25, 20:24, 14:23)

Армани Милано – Химки 69:78 (16:21, 22:18, 13:20, 18:19)

Басконија – Жалгирис Каунас 60:74 (17:13, 18:17, 10:21, 15:23)

Scroll to Top