Top Sport

Реал го „здроби“ Панатинаикос

Реал Мадрид имаше фуриозен старт на мечот по што не дозволи Панатинаикос да се врати во игра за на крајот да победи со 89:68 во 13. коло од Евролигата, со што актуелниот шампион излегува пред ЦСКА Москва на табелата и останува единствен кој го „брка“ Фенербахче на првото место.

Реал имаше 16-0 на стартот на мечот, и по само 10 минути игра предност од 23:10. Аргентинецот Кампацо беше фантастичен на стартот за по 16 минути игра да се направи предност од 38:18, по што само Ленгфорд ги спаси Панатинаикос од вистинска катастрофа.

Фабиен Косер заврши со 14 поени, Факундо Кампацо имаше 13, додека за Панатинаикос најефикасен беше Ленгфорд со 20 поени.

ЕВРОЛИГА, 13.КОЛО

Дарушафака – Жалгирис Каунас 71:75 (19:15, 20:18, 14:16, 18:26)

Макаби Тел Авив – Химки 79:63 (16:18, 19:13, 26:11, 18:21)

Милано – Баерн Минхен 78:80 (16:15, 24:26, 17:17, 21:22)

Реал Мадрид – Панатинаикос 89:68 (23:10, 20:21, 20:24, 26:13)

Фото: ЕПА

Scroll to Top