Top Sport

Реал и вторпат го освои Белград и „мајсторката“ ќе се игра во Мадрид

Кошаркарите на Реал Мадрид успеаја да победат и на вториот натпревар во Белград (78:85) и израмнија на 2:2 во четврт-финалната плеј-оф серија од Евролигата против Партизан. „Мајсторката“ ќе се игра во Мадрид.

Мечот започна со минута молк и оддавање почит за жртвите во громозорното убиство што се случи вчера, а кошаркарите на Партизан на дресовите го носеа името на ОУ „Владислав Рибникар“.

Реал Мадрид го почна дуелот многу подобро, обезбеди и двоцифрена предност, но Партизан се врати во игра и на полувреме замина со три поени негатива (42:45).

„Кралевите“ постојано беа во водство, сѐ до крајот, а по двете грешки на Вилијамс-Гос, Партизан се доближи на 78:80.

Таварес постигна два поени и реализираше дополнително слободно фрлање и повторно го „одлепи“ Реал Мадрид на пет поени позитива. Џанан Муса потоа го потврди триумфот на гостите.

Таварес и Ханга постигнаа по 15 поени, а Зек Лидеј беше најефикасен на мечот со 25 поени.

Макаби Тел Авив го декласира Монако со 104:69 и се избори за „мајсторка“ и во оваа четврт-финална серија.

Scroll to Top