Top Sport

Ибрахимовиќ го избрал својот следен клуб

Златан Ибрахимовиќ повеќе нема да го гледаме во европските натпреварувања. Договорот на легендарниот напаѓач со Милан истекува на крајот од сезоната и „росонерите“ нема да му понудат продолжување на соработката.

Ибрахимовиќ во октомври ќе го прослави својот 42. роденден, а и после тоа ќе биде професионален фудбалер, барем таков му е планот. Призна дека стравува од животот после завршување на кариерата, па засега не размислува за пензија.

Како што сега стојат работите за него, оваа натпреварувачка сезона е завршена поради повреда и тој веќе може да се посвети на планирањето на својата следна мисија, која нема да биде во дресот на Милан.

Тој има начелен договор со новиот клуб. Ќе остане во Серија А, но може да заборави на настап во европските купови.

Ибрахимовиќ постигнал вербален договор со Монца и од следната сезона треба да го носи дресот на клубот кој оваа сезона за првпат игра во Серија А.

На чело на клубот се старите познаници на Златан, Силвио Берлускони и Адријано Галијани, кои своевремено го доведоа во Милан, а на крајот ова би можело да биде клучно за трансферот.

Монца веќе избори опстанок и се наоѓа во горниот дел од табелата, а Берлускони е решен да го направи овој клуб стабилен член на Серија А и засега одлично му оди.

Scroll to Top